Во оваа земја жителите се познаваат, војска не постои и воопшто не плаќаат сметки за греење!

Жителите на Исланд имаат сајт кој содржи податоци кои датираат од 18. век, за сите роднински врски во оваа земја. Ако се заљубите, прво проверете случајно да не сте се вљубиле во роднина. Исланд е мала земја во која живеат само 358.780 луѓе. Сите жители се познаваат меѓусебно, така што нема потреба да ги заклучувате вратите кога одите негде и лесно може да го оставите своето дете без надзор во паркот или трговскиот центар. Покрај тоа, во Исланд живеат најсреќните луѓе на планетата.

Жителите на Исланд отсекогаш живеат во хармонија со природата и исклучително ја почитувале векови наназад. Исланд може да се пофали со најмоќниот водопад во Европа, најголемата колонија на птици кои се наоѓаат на еден од најголемите глечери.

Жителите на Исланд се многу горди на својот јазик и тој не е променет 12 векови. Речиси секоја личност на Исланд, без проблем може да чита древни текстови. Освен тоа, Исланд е лидер на меѓународниот пазар за книги. Тие секоја година издаваат повеќе книги отколку во било која друга земја.

Исланд е лидер и во областа на човековите права. Уште во 1980. година, Исланд стана првата земја во Европа во која жена е избрана за претседател, а во 2010. година забранети се сите стриптиз клубови во оваа земја за да се поддржи феминистичкото движење. Исланд забранува дискриминација од било каков вид.

90% од куќите на Исланд се греат благодарение на топлата вода која доаѓа од геотермалните извори. Геотермалните електрани ги задоволуваат сите потреби на земјата за греење, така што жителите не мора да плаќаат греење воопшто.

Исланд нема војска. Полицијата и стражата немаат оружје. Стапката на криминал е речиси нула, така што оружјето не им е потребно. Ако некој о граѓаните сака да и се придружи на војската може да оди во Норвешка и да се придружи ан нивната војска, бидејќи овие две земји имаат таков договор.

На Исланд, научниците се потрудиле да откријат што е тоа што ја предизвикува зависноста во мозокот на човекот и успеале да го намалат бројот на пушачи и алкохоличари од 3 до 5%.

Градоначалник на главниот град на Исланд, Рејкјавик е Џон Гнар кој бил дел од панк рок бенд, работел како таксист, медицински брат и психијатриска болница, во фабриката Волво во Шведска, а бил и комичар. Благодарение на нему, Исланд доби финансиска обнова, изградба на 10 километри велосипедистички стази, реорганизација на училиштата и зголемување на туризмот.

Исланд има група луѓе кои се задолжени да даваат имиња на новите бебиња на Исланд. Имено, 6 луѓе кои ги предложува министерството за правда смислуваат нови имиња кои се вклопуваат во Исландската култура и јазик. Така, на пример, Андре не е дозволено име на Исланд, бидејќи не е во склад со правописот на оваа земја.




Коментари

коментари