Во овие 4 ситуации родителите треба да го остават детето да погреши

Се вели дека успехот треба да се изгради од неуспехот за да почнеме да учиме од своите грешки. Но, многу луѓе сепак се плашат од неуспехот, па затоа ги воспитуваат и своите деца водејќи се по ова мислење.

Children running

Спортски и друг вид на натпревари

Ако вашите деца учествуваат во настани со натпреварувачки карактер, треба да се однесувате со нив како да сте им баба или дедо, а не родител, сметаат стручњаците. Што значи тоа? Имено, бабата и дедото обично само сакаат да го видат внукот како настапува. Од друга страна, родителите се вклучени во успехот на детето на натпреварот. Ако родителите имаат преголеми очекувања, тоа ќе создаде преголем притисок над детето, при што ќе изостане неговата забава и искуството при учењето.

Домашни обврски

Понекогаш е потребно детето да учи од сопственото искуство и грешки. На пример, ако не го собрале валканиот веш туку отишле во училиште во валкана облека, веројатно следниот пат ќе сфатат дека згрешиле.

Погрешни пријатели

Речиси на секое дете му се случува да се дружи со другарче кое не го одобруваат неговите родители. Но, не треба да се мешате во неговиот избор. Особено кога станува збор за адолесцентната фаза. Децата во средното училиште менуваат пријатели во потрага по својот идентитет. Така учат не само за пријателството, туку и за различните профили на луѓе.

Домашни задачи

Секој родител треба јасно да му стави до знаење на детето што се очекува од него и да го поттикнува да ги завршува своите обврски. Но, на детето треба да му се дозволи да има делумна контрола врз училишните обврски и да не му зборувате постојано за вашите очекувања.




Коментари

коментари