ВО ОВОЈ МЕСЕЦ ЛУЃЕТО НАЈМНОГУ ЛАЖАТ

Со лаги започнуваме уште првиот ден од новата година.

Во јануари луѓето изговараат повеќе лаги, отколку во било кој друг месец во годината, покажа едно истражување.

Првите лаги започнуваат веднаш после Нова година, кога преувеличуваме дека веднаш тргнуваме со диета, или детоксификација, а лажеме и колку алхохол испивме за време на новогодишната ноќ.

Доколку времето е студено, лажеме дека сме болни. Според истражувањето, тоа го чинат четири од десет луѓе, како би ги избегнале досадните дружења.

Парите се најчеста причина за лажење. Британците редовно лажат колку пари потрошиле за време на Божиќ и колкав им е долгот на кредитна картичка. Половина од нив се фатени во лажењето.

Четвртина Британци редовно лажат за поклоните што ги добиле за празниците, додека петина се фали со одличниот провод за Нова година, иако ноќта ја провеле пред телевизорот.

Британците прибегнуваат кон „емотивни лаги”, за да не повредат нечии чувства, или да за да не изгледаат лошо во туѓите очи.




Коментари

[fbcomments]