Во овој момент на Островот на фоките се случува нешто неверојатно! (ФОТО)

Овој остров со години привлекува голем број на посетители кои сакаат да го видат таканаречениот „круг на смртта“.

Островот на фоките во Јужна Африка, кој го добил името по густата популација на кафеавите фоки со крзно, неколку пати годишно ги привлекува најголемите морски предатори и најголемата закана по овов животински вид – големата бела ајкула.

Еден од тие периоди е и околу новогодишните празници, кога белите ајкули почнуваат да пливаат по површината наместо по длабочините со кои инаку владеат. Нападот врз фоките го изведуваат така што почнуваат да се однесуваат како делфини со нивните карактеристични скокови.

Овој остров со години привлекува голем број посетители кои сакаат да го видат таканаречениот „круг на смртта“ во кој паѓаат фоките, несвесни дека неколку големи ајкули гружат околу нив и го чекаат вистинскиот момент да нападнат.

Сигурни сме дека оваа глетка во живо изгледа страшно, гледајќи го предаторскиот крволочен лов, но просто е неверојатно како вештиот уметник умее да го претстави овој суров закон на природата преку неверојатни фотографии.




Коментари

коментари