Категории

Во петок, 16 ноември ве покануваме на отворањето на „Среќа кафе“

Среда е одличен ден за среќни вести и почеток на нови среќни приказни. Во прилог на ова, сакаме да ја споделиме нашата среќна вест со вас. Ја отвораме новата среќна приказна наречена „Среќа кафе“ која ќе биде лоцирана на кејот на Вардар наспроти Холидеј Инн, на првиот брод. Порталот Среќа.мк ќе добие креативно седиште претворено во кафе бар односно бродот на среќата.

Нашиот портал Среќа.мк постои четири и пол години и важи за еден од најкреативните портали во Македонија, инспириран од секојдневните настани, ситуации и личности кои докажуваат дека сѐ уште постојат хумани, талентирани и добри луѓе. Познат е и по својата вградена онлајн продавница со препознатливите чаши со слоганот „Среќа е…“ како и маичките на кои е испишано нашето лого кои спонтано се претворија во заштитен знак, како и други уникатни дизајни и производи. Позади порталот среќа.мк и онлајн продавницата, стои нашата маркетинг агенција Happiness.marketing која успешно соработува со многу клиенти од различни сфери.

Токму поради сите овие дејности со кои работи нашиот тим, се наметна идејата за Среќа кафе, местото кое располага со потребниот капацитет да ги оствариме сите наши замисли, да ја покажеме креативноста без ограничување.

Среќа кафе или бродот на Среќата како што многумина од вас веќе го нарекуваат, ќе биде едно ново среќно место каде што ќе можете да го испиете вашето кафе или омилениот пијалак со пријателите и да ја почувствувате среќната атмосфера и позитивната енергија која владее на ова место.

На самиот брод ќе биде и седиштето на нашата маркетинг агенцијата Happiness.marketing, така што со сигурност бродот ќе биде едно креативно место во центарот на Скопје кое ќе плови со многу концепти. Но, тоа не е сѐ!

Во бродот на среќата компаниите, стартапите и невладините организации ќе имаат можност да организираат и настани бидејќи бродот располага со 4 нивоа и е идеален за секаков вид на настани. Делот за настани и конференции располага со 30 плазма телевизори како и целосна опрема која е потребна за да се организира еден настан.

Откако го дознавте целиот капацитет на бродот на среќата, сега знаете дека покрај тоа што имате можност да пиете пијачки во бродот на среќата и да уживате со своите најблиски, исто така може да бидете и дел од настаните кои ќе се случуваат на овој брод.

Интеракцијата со секој од вас е од особено значење за нас, а сега создаваме место каде што ќе ја остваруваме секојдневно. Се гледаме на бродот на среќата, за уште многу среќни моменти, инспиративни концепти и креативни идеи!