Во петок СРЕЌА.МК слави роденден! 5 години исполнети со среќни мигови, успешни соработки и креативни идеи. Бидете дел од нашата забава!

Петок е ден за целодневна забава – многу поводи за славење, дружење и незаборавни мигови!

Овој петок среќа.мк слави 5 години постоење, 5 години исполнети со успеси, креативност, истрајност и остварени цели. За таа цел, на нашето седиште, на „Бродот на среќата“ подготвуваме за вас незаборавна целодневна забава со многу музика. Во текот на денот ќе уживате во звуците на латино, екс ју и рок музиката, а ние ќе се погрижиме да ви подготвиме еден незаборавен ден, одбележувајќи го почетокот на уште една година исполнета со многу предизвици.

Од самите почетоци нашата цел е да создадеме нешто поинакво, па токму поради тоа ние бевме првите кои создадоа онлајн продавница со препознатливите чаши со слоганот „Среќа е…“ како и маичките на кои е испишано нашето лого кои спонтано се претворија во заштитен знак и многу други натписи кои вие ги избирате.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on


На нашиот портал среќа.мк секојдневно се грижиме да ве информираме за сите настани и случувања како кај нас така и низ светот, делејќи корисни совети за здравјето, вежбањето, негата и убавината и многу други информации поради кои читателите ни ја даваат својата доверба секојдневно. Освен тоа, секогаш им стоиме на располагање на нашите млади писатели, талентирани личности и сите оние на кои им е потребна поддршка на почетокот на својата кариера, остварувајќи ја нашата мисија – ширење среќа меѓу луѓето.

Пред 3 години како резултат на стекнатото искуство, природно се случи и нашиот следен чекор – отворањето на нашата маркетинг агенција happiness.marketing. Почетоците во оваа сфера не беа едноставни, но квалитетот се препознава бргу и за кратко време успеавме да ја стекнеме довербата на многу реномирани компании кои ја избраа токму happiness.marketing како маркетинг агенција која знае како да го претвори нивниот бизнис во бренд за кој сите ќе слушнат. На наше големо задоволство, бројот на компании продолжува да расте и до ден денес и тоа е најголем доказ за успехот во нашата работа и креативноста на тимот.


Денес, ние нескромно можеме да се пофалиме со 50 милиони прегледувања за 5 години, повеќе од 5000 маички и чашки, повеќе од 50 клиенти и повеќе од 30 000 објавени содржини. Но, ние не запираме тука…

Оваа година за нас беше од особено значење, а како плод на вложениот труд и работа го создадовме„Бродот на среќата“ – нашето среќно катче каде што успеавме да ги соединиме креативноста, забавата и едукацијата. Токму затоа, среќа.мк има уште една причина за славење, а тоа е почетокот на уште една среќна приказна на Бродот на среќатаИнкубатор и co-working простор за сите амбициозни луѓе кои бараат повеќе од само простор за остварување и развивање на своите старт ап идеи како и за сите оние сакаат пријатна локација за извршување на секојдневните работни обврски. Оние на кои им треба партнер, соработник и ментор низ целиот пат на развојот ќе имаат можност да бидат дел од инкубаторот од следна генерација (Next Generation) кои ќе ги обезбеди сите технички и бизнис услови пропратено со многу забава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on


Придружете ни се на нашето патување на „Бродот на среќата“, излезете од вашата комфорна зона и почувствувајте ја позитивната енергија која владее кај нас.

П.с Не сакаме подарок, исчистете го плакарот и донирајте во кутијата на „Копче“ поставена на Бродот на среќата и направете повеќе за себе и за другите!




Коментари

коментари