Категории

Во Рим може да платите метро и автобус со рециклирање пластични шишиња

Рим почна со реализација на еден нов проект. Градските власти инсталираа три автомати за собирање пластични шишиња. Како награда, жителите на Рим за едно шише добиваат по 5 центи. Овие пари можат да ги потрошат за јавен превоз.

Реакциите на граѓаните се позитивни како што се очекуваше. Покрај тоа што можат да заштедат пари, ова е одличен начин градот да се справи со ѓубрето предизвикано од пластичните шишиња.