Во Шангај е отворен пешачки мост изграден преку технологијата на 3Д печатење

Во Шангај е отворен најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој преку технологијата на 3Д принтањето го изградил тим од Универзитетот за архитектура на Цингуа во Пекинг.

Мостот е долг 26,3 метри, а широк 3,6 метри. Новиот мост е изграден според модерни техники во градежништвото. Го проектирал професорот Су Веигуо од Универзитетот Цингуа, а изграден е од 44 бетонски компоненти кои се изработени преку 3Д технологијата.

Бетонските компоненти се печатени со помош на две „роботски раце“, а за нивната изградба биле потребни 450 часа. Според проценките, во споредба со конвенционалниот процес на градба, направена е заштеда за 33%.

Пред почетокот на изградбата на овој мост, направен е и помал модел за тестирање на проектот и докажување дека може да ги издржи пешаците кои преминуваат и се задржуваат на целокупната површина на мостот.

Во мостот е вграден и систем на пратење во реално време, кој ги надзира евентуалните деформации и поместувања. Првиот бетонски мост изграден со технологијата на 3Д принтање е отворен во октомври 2017. година во Холандија.




Коментари

коментари