Во Скопје се прославија 60 години на легендарниот модел Mini

Во саботата на плоштадот Делфина во населба Влае – Општина Карпош, Скопје, здружението Класик Мини го прославија 60-тиот роденден на легендарниот бренд и модел Mini. Овој настан се реазлизираше со изложба на голем број постари Мини Мориси од нашата држава, но исто така и понови модели кои се наследници на оригиналното Mini, исто така присуствуваше и официјалниот увозник на Мини во нашата држава – М-кар кои го претставија новиот plug in hybrid Mini Countryman..

 

Покрај целата изложба, како изненадување од еден од подржувачите на овој настан, Славјанскиот универзитет заедно со олдтајмер клубот од Свети Николе, го претставија нивниот проект со кое ги изненадија посетители со Мини кое беше изработено како она од познатата серија Мистер Бин.. Навистина интересен примерок кој беше пријатно изненадување кај сите посетители..

Инаку овој автомобил има огромно значење за светската автоиндустрија, а како што организаторите изјавуваат ” Мини не е само еден долгогодишен бренд, туку тоа револуционерен автомобил кој целосно ја има променето автомобилската индустрија, поради неговиот дизајн, практичност и механика. Токму и затоа тој е прогласен за еден од најпопуларните автомобили за 20тиот век. Иако тој потекнува од Англија, неговата популарност е и низ голем број други земји, а така е и со просторите на поранешната држава Југославија каде што и се произведувал овој бренд”




Коментари

коментари