Во скромноста е убавината: Кејт Мидлтон носи фустан од 63 евра

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во моментот престојува во Индија каде што секој ден воодушевува со своите модни комбинации.

Кејт не важи за девојка која се расфрла со пари за скапи модни парчиња, туку таа е љубител на скромноста. Таа отсекогаш ги рушела непишаните правила на познатите, да се појавува само во дизајнерски креации.

Така, во Њу Делхи сите ги изненадила во макси фустан на марката „Гламороус“ чијашто цена изнесува 63 евра.

Фустанот може да се нарача преку нивната веб продавница, па веќе сега постои огромна листа на чекање за овој модел. Јасно е дека Кејт и понатаму распродава сè што ќе облече!




Коментари

[fbcomments]