Во студените денови еве како да ја задржите топлината во вашиот дом

Доколку сте долго време надвор, телото ви сигнализира дека мора да го затоплите. Оние кои имаат проблеми со срцето и белите дробови подобро да не излегуваат рано наутро или доцна навечер…

Кога температурите се екстремно ниски тешко е да ја одржите топлината во вашиот дом, особено во текот на ноќните часови кога температурите се најниски. Ова се неколку совети како топлината да не ви „бега“ од домот и како да го преживеете екстремниот студ и да не го загрозите здравјето.

Прочитајте ги советите за задржување на топлината во домот:

  • На прозорите може да ставите пластична фолија со меурчиња (која инаку се користи при транспорт). Таа ќе ви помогне топлината да се задржи во домот.
  • На плочките или подот ставете тепих, на тој начин ќе ви биде потопло на нозете, а тоа ќе послужи и како изолација која ќе го спречи губењето на топлината.
  • По завршувањето на печењето во рерната, оставете ја вратата од рерната отворена бидејќи топлината која излегува од неа дополнително ќе го затопли просторот.
  • Спуштете ги внатрешните и надворешните ролетни.
  • Препорачливо е да ставите дополнителна топлинска изолација позади радијаторите која се наоѓа на надворешните ѕидови, на пример стиропор. На тој начин ќе се изгуби помалку топлина.
  • Позади радијаторите, под прозорот ставете рефлектирачка фолија. На тој начин топлината ќе се усмери кон просторот, а не кон прозорот.

 




Коментари

[fbcomments]