Категории

Во свет без илузии, човекот е странец…Мудрите мисли и цитати на Албер Ками

Уживајте во мудрите мисли на Албер Ками, кои ќе ве натераат на размислување.

Несреќа е да не ве сакаат, но уште поголема несреќа е да не сакате.

Во свет без илузии, човекот е странец.

Чесноста нема потреба од правила.

Никогаш нема да бидете среќни ако продолжите да го барате она од што е составена среќата. Никогаш нема да живеете ако го барате значењето на животот.

Човекот е единственото суштество кое одбива да биде она што е.

Постојат работи за кои вреди да се умре, но ниту една за која вреди да се убива.

Подобро е да се изгуби младоста, отколку да не се направи ништо со неа.

Општото добро се состои од среќата на поединците.

Големината на човекот е во неговата одлука да биде посилен од неговата судбина.

Не оди зад мене; јас не можам да водам. Не оди пред мене; јас не можам да следам. Само оди покрај мене и биди ми пријател.

Прегледи:
1197
Објавено на:
09.12.2018