Во светот се прават Корона-журки  – Експерт порача: „Вие не сте јунаци, вие сте имбецили!“

Млади во Германија организираат „корона забави“ и кашлаат врз старите луѓе. Од Франција до Флорида до Австралија, плажите се преполни со студенти.

Нивната бунтовност врз ограничувањето на движењето и советите на стручњаците кои се борат против пандемијата на коронавирус доведоа до строги мерки на властите ширум планетата. Во некои случаи побунениците се противеа на заканите на полицијата.

„Некои сметаат дека се мали јунаци кога ги кршат правилата“ – изјави францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.

„Па не сте. Вие сте имбецили и сериозна закана за самите на себе.“

 

После неколкудневните избегнувања на забраните за излегување, Франција во петокот испрати безбедносни сили на железничките станици за да ги спречи луѓето да отпатуваат во своите викендици, потенцијално пренесувајќи го вирусот во селата или на плажите на кои медицинските установи се послабо опремени.

Популарното паришко шеталиште покрај реката Сена беше затворено а ноќниот полициски час во францускиот медитерански град Ница го воведе градоначалникот Кристијан Естроси кој исто така е еден од заразените со корона вирусот.




Коментари

[fbcomments]