Во текот на зимата стануваме бледи: Како да го потемните тенот?

Дури и оние кои немаат природно светол тен, во текот на зимата стануваат побледи од обично, што значи дека начинот на шминкање треба да се прилагоди со бојата на тенот која ја имаме во најстудените денови од зимата.

Пудрата и коректорот би требало да бидат во потемна нијанса од вообичаено, а може да помешате и два вида во размер: една третина посветла и две третини потемна пудра или бронзер.

На тој начин ќе добиете „свежа“ здрава боја. Користете и сенки за очи со потемни нијанси, а на трепките задолжително нанесете богат слој маскара. За крај, не заборавајте со себе да го понесете најважниот детал пред да излезете од дома – голема, сјајна насмевка.




Коментари

коментари