Во тренд е заоблениот мебел! (ФОТО)

Мебелот со доминантно заоблени линии и симпатично големи пропорции полека ги освојува познавачите на дизајнот.

Додека во модната индустрија и понатаму идеал се слабите манекенки, светот на ентериерот им дава предност на „буцкастите“.
Заоблените форми ја нагласуваат флуидноста, но го нагласуваат и обликот. Начините на примена на кривата во ентериерот се неограничени, а посебно тренди е мебелот со заоблен облик.
Освен естетски, примената на ваков мебел има и свои практични примени, посебно во семејства со мали деца. Иако аглите секогаш се во примена кога се зборува за дизајниран мебел, со заобленоста се постигнува ефект подалечен од класиката.


Мебелот со доминантно заоблени линии и симпатично големи пропорции, полека, но сигурно ги освојува познавачите на дизајнот.
Џастин Донели, еден од членовите на њујоршкиот дизајн „Jumbo“, чија нова колекција го прати примерот на овој тренд, тврди дека неговата популарност произлегува од сличноста со ликовите од омилените приказни, цртани филмови или играчки од детството.
Таквите асоцијации создаваат чувство на сигурност во комфорот, а тоа е добредојдено во стресното секојдневние.
Се започнало во 2014 година кога дизајнерката Фаје Тогот ја креирала сега веќе помалку култната „Roly-Poly “ столица од стаклени влакна, која ја карактеризираат четири изразени заоблени ногарки. Британската дизајнерка го дизајнирала овој стол во време на својата бременост, сакајќи и во својата работа да ја пренесе мекоста која ја почувствувала во тој период од животот.
Меѓутоа, и многу порано може да се забележат траги од овој тренд во дизајнирањето на мебелот.




Коментари

коментари