Во Загреб домашните миленичиња ќе се закопуваат достоинствено

Чувањето миленик значи и приврзување за истиот, па загубата на миленикот е многу болна. Во Загреб се отворија гробишта и крематориум за домашните миленичиња.

Гробиштата се простираат на околу 13 000 квадратни метри, а има и зграда со приемна канцеларија, крематориум, павиљон за испраќање и гробишта за домашните миленичиња со место за закоп и положување на урната.
Со овој потег Загреб е прв град во овој дел на Европа кој изградил современи градски гробишта за домашните миленичиња.
Тоа ќе им овозможи на сопствениците на домашните миленичиња соодветно простување од нив и нивно безбедно згрижување по смртта без загрозување на здравјето на луѓето и животните или загадување на животната средина.


На сопствениците на домашни миленичиња им се нудат повеќе услуги, како превземање на телото на животното од територија на Загреб, кремирање, организирање на испраќање, положување на телото или урната во гробното место, како и уредување и одржување на гробното место.




Коментари

коментари