Во жешките денови разладете се со овие вкусни коктели! (РЕЦЕПТ)

Коктелите со кои ќе го „зачините“ ова лето може да ги направите и сами. Ви ги предложуваме: Куба Либре, Мохито и Пина Колада.

Мохито

  • сок од половина лимета
  • 8-9 листови нане
  • 2 лажички кафеав шеќер
  • 50 мл бел рум
  • 1 дл сода или кисела вода
  • лед, во коцки или дробен
  • парчиња лимета
  • листови нане за украсување

Во висока чаша ставете го сокот од половина лимета, листовите нане и шеќер. Со дрвен толчник притиснете ги листовите од нане за да пуштат арома. Потоа додадете го белиот рум, мразот до две третини на чашата и неколку пати промешајте ги состојките. Ставете ја содата или водата до врвот на чашата, промешајте уште еднаш и декорирајте со парчиња лимета, нане и послужете со една или две подебели сламки.

Куба Либре

  • 10 мл сок од лимон
  • 50 мл бел рум
  • кока-кола
  • 4-6 коцки лед
  • парче лимета за декорација

Ставете ги коцките лед во висока чаша, па одозгора ставете го сокот од лимон и белиот рум и додадете малку кока-кола до врвот на чашата. Декорирајте со лимета и послужете со две дебели сламки.

Пина Колада

  • 25 мл кокосово млеко
  • 100 мл сок од ананас
  • 30 мл бел рум
  • 30 мл темен рум (или повторно бел ако немате друг)
  • кандирана цреша
  • триаголник свеж ананас за декорација
  • коцки лед

Во блендер ставете неколку коцки лед, додадете рум, сок од ананас и кокосово млеко, па добро изматете на најсилна брзина. Ставете го пијалакот во висока или округлеста чаша и украсете ја со црешата и триаголното парче свеж ананас.




Коментари

коментари