Во животот ќе доживеете неколку различни видови љубов додека стигнете до вистинската

Стручњаците велат дека секој човек во животот доживува 7 видови на љубов, додека да стигне до онаа вистинската.

Што е всушност љубовта?
Секој има различна дефиниција но една од најпопуларните и најприфатени мисли ја дал американскиот психолот Роберт Стернберг во осумдесеттите години од минатиот век.

Тој верува во теоријата на „3 компоненти“ кои се задолжени за љубовта: емотивна интимност, страст и посветеност. Врз основа на таа теорија, психологот дефинира седум видови на љубов.

Психолозите веруваат дека човек во својот живот искусува повеќе видови на љубов се додека да стигне до онаа вистинска, а неретко некои од нив ги искусува со ист партнер.
Еве кои се тие:

Заљубеност
Оваа е фаза во која луѓето едвај се познаваат, но чувствуваат силна привлечност. Во ваквите врски чест случај е партнерите да немаат поим дали имаат нешто заедничко, но сеедно остануваат заедно затоа што се привлекуваат еден со друг. Стернберг тврди дека заљубеноста може да прерасне во нешто повеќе, но тоа не е чест случај.

Допаѓање
Ова е тип на врска во која можете да бидете она што сте. Психологот овој тип на љубов го нарекува „допаѓање“ затоа што партнерите имаат многу заеднички интереси, ист поглед на животот и се разбираат еден со друг. За жал, емотивната интимност без страст и посветеност често останува на ниво на пријателство.

Празна љубов
Во прашање е оној вид на љубов која ја чувствуват партнерите кои немаат нити емотивна интимност нити страст, но затоа посветеноста им е исклучително силна. До вакви видови на љубов најчесто се доаѓа откако ќе излезете од голема, сериозна и емотивно бурна врска.

Луда љубов
Доста честа врста на љубов, која подразбира силно ниво на страст и посветеност – но нема емотивна интимност. Овие парови можат да останат заедно со години, па дури и целиот живот, а никогаш да не го доживеат партнерот како најдобар пријател.

Романтична љубов
Страст и емотивна интимност се карактеристи за овој вид на љубов – ваквите парови чувстсвуваат силна привлечност, одлично се чувствуваат кога се заедно, се разбираат, но не се подготвени да и се посветат сериозно на врската. Ваквите врски најчесто не успеваат да преминат на некое повисоко ниво.

Партнерство
Паровите кои се доста посветени во врската и имаат високо ниво на емотивна интимност, но им недостига страст во врската, спаѓаат во овој вид на љубов. Ваквите врски се многу посилни од обичното пријателство, но не се среќни затоа што нема страст помеѓу партнерите. Овој вид на љубов често се среќава после неколку години брак.

Совршена љубов
Кога ќе се спојат сите три услови, тогаш се случува оваа љубов. Секако, нема сите три компоненти да го имаат истиот интензитет, но важно е што се тука. Ваквите врски се среќаваат често, и во прашање се парови кои можат да го поминат целиот живот заедно.




Коментари

[fbcomments]