Категории

Во животот нема да ги имаш сите нешта кои ги сакаш – Туку оние кои ти се вистински потребни!

Се доаѓа во вистинско време, имај трпение!

Се што е вистинско за тебе, ќе те сака толку длабоко колку што ти си подготвен да вложиш љубов во истото. Верувај, кога нештото е вистинско, нештата кои ќе ги достигнеш во животот, нештата за кои длабоко се надеваш, тие ќе направат се за да дојдат до тебе.

И кога сето тоа ќе се случи, ќе ти стане јасно. Ќе ти стане јасно зошто никогаш не си успеал да имаш некои нешта кои си ги посакувал, зошто некои срца не го вреднувале домот кој си го создавал за нив во себе, тогаш ќе сфатиш дека ништо од тоа не те поразило или скршило.

Тие всушност биле нештата кои те изградиле како личност.
Тие те научиле многу нешта за себеси. Тие те одвеле до личноста која што си денес, личноста која што си бил роден да станеш, тие те воделе до личноста која отсекогаш била наменета да биде покрај тебе.
Тие те создале, тие те мотивирале, тие те предизвикале, тие направиле да бидеш она што си.