Категории

Во животот вреди да имаш жена која..

Луѓето во долгорочните односи еден ден ќе дојдат до точка во која ќе треба да се запрашаат: Дали е тоа навистина личноста со која сакам да го поминам остатокот од својот живот?

Психолозите ширум светот истражуваа исклучиво сложени проблеми околу љубовта и односите и открија кои особини се клучни за да се постигне среќен и траен однос.
Во животот навистина вреди да имаш жена која е..

Попаметна од тебе
Кога барате партнер за целиот живот, погрижете се тој да е паметен. Идеално, таа би требала да биде попаметна од тебе, а психолозите се сложуваат.

Искрено
Секој понекогаш донесува погрешни одлуки. Но важно е покрај себе да се има некој кој ќе може да ве врати на вистинскиот пат кога не сте во право. Истражувањата покажуваат дека една од најважните особини кога мажите бараат партнерка, е тоа таа да е искрена.

Позитивна
Ако вашата девојка секогаш ја гледа чашата како „половина полна“ и понекогаш ја обвинувате дека е наивно оптимистична, тогаш честитаме, вие сте ја пронашле девојката од своите соништа.
Негативните луѓе се отров за душата и здравјето.

Има отворено срце
Луѓето кои се секогаш отворени да ги делат своите лични доживувања се посебно атрактивни. Истражувањата покажуваат дека отворените луѓе се сметаат за поубави и физички попривлечни.

Ги поддржува и следи твоите цели
Во книгата „Зошто паметните мажи се женат за паметни жени“, Кристин Ц Вилан, темелно го разоткрива тој мит и докажува дека успешните и добро образованите жени кои многу подобро заработуваат не се мажат поретко од останатите.

Таа е љубезна
Клучот до среќниот однос е љубезноста и великодушноста.

Останува смирена во текот на расправијата и те смирува и тебе
Несогласувањето е знак за нестабилен однос. Но важно е како се носи со несогласувањата и како делува на нивно решавање.

Прави луди нешта со тебе
Паровите кои имаат невообичаени заеднички хобија, имаат пасија кон авантуризам и пробување нови нешта, имаат  90 посто поголеми шанси од другите парови, да останат среќни и заљубени до крајот на животот.

Има свој живот
Да има свој сопствен простор и приватност е важно за здравото функционирање во меѓусебниот однос.

Ги прифаќа твоите маани
Ако сте пронашле жена која може да ве прифати онакви какви што сте, сметајте се за навистина среќен човек.

Прегледи:
463
Објавено на:
08.12.2019