Категории

ВОДА СО ЛИМОН ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА

Пролетта е во полн ек, а летото е на прагот. Сите сакаме да изгледаме убаво и витко во претстојната сезона, а ова можеме да го постигнеме единствено со одржување на здрав начин на живот. Една од најважните работи која често ја забораваме е пиењето доволни количини вода во текот на денот. Оваа едноставна вода со лимон за детоксикација ќе го направи вашиот дневен внес на вода интересен и забавен, а и ќе ве натера да пиете повеќе течности.

Состојки

  • 1 лимон
  • околу 100 грама малини (можете да искористите и јагоди, боровинки, капини, или комбинација од неколку)
  • 1-2 капки етерично масло од лимон (опционално)
  • минерална или обична вода
  • стаклено шише за вода

2

Начин на подготовка

Ставете ги сите состојки во шишето, затворете го и оставете го да се разлади во фрижидер во текот на ноќта. Наредниот ден е спремна за пиење! Можете да ја извадите кората од лимон утрината за водата да не биде горчлива.

3

Придобивки од пиењето на водата со лимон за детоксикација

  • Го зајакнува вашиот имунитет. Витаминот Ц инстантно го подобрува имунолошкиот систем, а сокот од лимон е богат со многу витамин Ц.
  • Одличен извор на калиум.
  • Помага во варењето на храната.
  • Го прочистува вашето тело.
  • Го освежува вашиот здив.
  • Ја одржува вашата кожа без црвенила.
  • Помага во намалување на килограмите.
  • Го намалува воспалението.

Прегледи:
336
Објавено на:
17.05.2016