Водич за најдобар избор на четка за декоративна козметика

Речиси и да не постои жена која не употребува било каков козметички производ, а вистинските фанови на декоративната козметика веќе одамна се запознаени со четките и нивната практичност и одличниот резултат кои го даваат.

Ви даваме мал водич, кој би им помогнал и на запознаените со оваа тематика да не трупаат безпотребно голем број на четки, но и на останатите за полесно да се запознаат со различните видови на четки и нивната намена.

Прво, не ви е потребен голем број на четки… квалитет пред квантитет треба да биде вашето мото. Второ, при изборот на четки треба да се обрне внимание на влакната, синтетички или природни. Природните влкана го држат и го нанесуваат рамномерно производот и најдобро е да се употребуваат за производи во прав. Течните производи се впиваат во природните влакна и се прават грутки и се отежнува чистењето на четките. Најдобро при нанесување на козметика со течна или кремаста формула, е да се одбере синтетичко влакно.

Пудра: Синтетичка четка. Одлична е и за нанесување руменило во кремаста формула.

Коректор: Тесна синтетичка четка со малку заострен раб.

За контури: Мека четка со рамен заоблен раб. Се употребува и за бронзер.

Руменило: Мека, средна, но кружна четка. Најдобро да е од природни влакна.

Четка за сенка за очи: заострена, рамна четка која ќе биде добра за рамномерно нанесување.

„Вентилатор“ четка: лесна и најдобра е за осветлување на соодветните делови од лицето. Исто така е добра и за отстранување на вишокот сенка.

Четка за исцртување на очите: тесна, аголна четка која е одлична за нанесување на течен туш, гел туш или сенка.

Четка за трепки и веѓи: Страната со мал пластичен чешел се користи за отрстранување на грутките од маскарата. Другата страна е одлична за чешлање на веѓите.

Четка за веѓи: цврста, аголна четка која се користи за пополнување на веѓите (може да користите и сенка за очи во боја што одговара на вашите веѓи) Најдобар избор се поострите влкана.

Најважно е редовното чистење на четките. Исто така, чувајте ги на чисто место каде нема да бидат на куп со други производи, така ќе го заштитите вашето лице од нечистотии и бактерии.




Коментари

коментари