Војната започна, кој ќе победи? Погледнете во новиот трајлер за „Игра на тронови“

Помалку од месец ни останува до премиерата на новата сезона на мега популарната Игра на тронови, а на првиот ден од летото HBO објавија нова видео најава за нивната најпопуларна серија.

Зимата пристигна, а како што можеме да видиме од видеото, пристигна и војната.

Видеото завршува со интригантните зборови на Старк: „Кога ќе падне снег и кога ќе дувнат бели ветришта, осамениот волк ќе умре, но чопорот ќе преживее“.




Коментари

коментари