Војвотката Кетрин Мидлтон величествена во традиционалниот стил на Пакистан

Кралската припадничка воодушеви во секој поглед

Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам отпатуваа во Пакистан на службена посета. Овие дена тие присуствуваа на бројни настани а на секој од нив, војвотката Кејт избра стајлинзи соодветни за пакистанската култура и традиција. Во текот на посетата на џамијата, Кејт носеше смарагднозелен катан, марама преку главата и чекореше боса додека чевлите ги остави пред џамијата додека разговараше со припадниците на оваа верска заедница за меѓусебното разбирање и почитување.

Извонредните стилски комбинации инспирирани од традиционалната гардероба на Пакистан го носеа потписот на најпознатиот дизајнер Махин Кан.
За време на свечената вечера војвотката избра комбинација во зелена и плава боја нагласувајќи ја традиционалната носија на оваа земја.




Коментари

[fbcomments]