Категории

Волнена капа – вашиот најдобар моден додаток за оваа зима

Топло и модерно, зимата не можеме да ја замислиме без волнените капи

Плетената капа не е само одличен начин да ја заштитите вашата глава од студот, туку и да внесете доза на лежерност во вашиот секојдневен кежуал стил. Трендсетерките ги обожаваат во текот на зимските денови, па многу често ги имплементираат дури и во елегантните комбинации создавајќи урбан-шик изглед. Погледнете како оваа зима можете да го стилизирате овој моден аксесоар.