Категории

Воодушевувачки природен феномен во форма на цвеќиња и кругови во Русија на реката Волга

(ВИДЕО) Ретка природна појава во форма на ледени кругови и цвеќиња се појави во Русија. Феноменот е забележан на реката Волга во Нижни Новгород.

Видеото прикажува ледени кругови познати како ледени цвеќиња. Се претпоставува дека ледените цвеќиња се создадени поради разликата во температурата помеѓу воздухот и тенкиот леден покрив во периодот кога нема ветер.

Тие се појавуваат поради вртложните струи и полека се свртуваат кон површината на водата. Таквите форми можат да бидат широки и до 15 метри.

Прегледи:
633
Објавено на:
11.02.2021