Категории

Воздржувањето од интимни односи има добри и лоши страни

Паровите кои апстинираат од секс повеќе ги ценат обичните допири и повеќе се трудат околу поврзувањето со партнерот.

Апстиненцијата е одлична превенција од полово преносливи болести и непосакувана бременост, но има и други добивки. Некои луѓе се воздржуваат од секакви сексуални допири, додека други се одрекуваат само од секс, тврди канадската терапевтка Џесика О Рајли.

Паровите кои апстинираат од секс повеќе ги ценат обичните допири и повеќе се трудат да се поврзат со партнерот. Тоа им е прилика да се насочат кон други уживања и да го истражат секој дел од телото но без однос.

Од повременото воздржување најчесто профитираат жените кои никогаш не доживеале оргазам во текот на сексот. Тие и самите учат што ги возбудува и кои точки им гарантираат врв. На тој начин го спознаваат своето тело, а изостанува и притисокот од оргазам и можни емоционални повреди од партнерот.

Воздржувањето од секс има и свои лоши страни.
Колку поретко луѓето се впуштаат во сексуални игри, тоа поретко сакаат секс. Поради тоа можат да се чувствуваат помалку пожелни што влијае врз нивната самодоверба, тврди сексуалниот терапевт Дејвид Мекензи.

Освен тоа апстиненцијата може да доведе до сексуална фрустрација. Особено ако паровите се воздржуваат од секс поради нерешени проблеми во врската или одредена тензија. Партнерите поради тоа можат да се оддалечат.

Сексот ги зближува партнерите и на емоционално ниво. Партнерите се чувствуваат блиски еден со друг а за се е виновен окситоцинот кој мозокот го испушта во текот на сексот. Овој хормон ги намалува одбранбените механизми поради што партнерите полесно се отвараат. Жените поради него полесно се заљубуваат.

Прегледи:
319
Објавено на:
12.11.2020