Категории

Враќање во форма после долгото жешко лето: Што треба прво да направите за да ја добиете посакуваната фигура?

Клучот за успехот не е во диетата и гладувањето …

Само неколку чекори за да добиете подобар изглед!

Пролеттниот период е периодот во кој најчесто се одлучуваме да ги промениме животните навики за тренинг и јадење, пред се затоа што сакаме да изгледаме што е можно подобро во костим за капење, но летните месеци и одењето на годишен одмор честопати се многу добра основа за враќање на тие неколку вишок килограми.

 

Дека летото е време за релаксација е добро познат факт, но исто како што споменавме, тоа е исто така идеален период за добивање на неколку вишок килограми. Уживањето во вкусната морска храна, десерти, но и пијалоци, најверојатно, ќе остават несакани последици на вашата линија со кои не сакате да ја започнете есента.

 

Поточно, исклучително е лесно да ги изгубите летните килограми, бидејќи најчесто станува збор за акумулирана вода како последица на премалку движење, но и фактот дека се внесува помалку мрсна храна, дефинитивно помага да се изгубат килограмите што е можно побрзо и полесно.

 

Првата работа што треба да ја направите кога се враќате од одмор е добар и квалитетен детокс на телото. За кој тип ќе се одлучите зависи од вас, но детоксот со кој никогаш не може да тргнете наопаку, е оној базиран на овошје и зеленчук. Покрај елиминирањето на токсините, ќе го збогатите вашето тело со хранливи материи.

 

По детоксот потребно е да ја избалансирате исхраната и да избегнувате мрсна и пржена храна, како и слатки во прекумерни количини. Вкусната здрава храна е денес подостапна од кога и да било благодарение на многу креативни рецепти, така што навистина нема причина да ја избегнувате. Понатаму, последната, но најважната работа е вежбањето.

 

Во зависност од тоа колку вишок килограми имате, треба да го прилагодите и да го одредите интензитетот на тренингот. Со лесно вечерно трчање, сигурно не можете да погрешите, со докажани кардио вежби кои се идеални за вежбање дома со помош на специјални и лесно достапни видеа, за да ви започнат есенските денови како што посакувате, ви издвоивме одлично видео кое ќе ви помогне во тоа.

Прегледи:
457
Објавено на:
09.09.2019