Категории

Враќањето на Исус „Доаѓам, чекајте ме!“

„Доаѓам утре, чекајте ме! Исус.“  Пораката создала невидена збрка..

„Доаѓам утре, чекајте ме! Исус.“  Пораката создала невидена збрка во целото место. Свештеникот, градоначалникот, угледниците, сите се труделе да приредат што подобар дочек за Божјиот син.

Се посоветувале меѓусебно и одлучиле секое семесјтво да му го понуди на Исус најубавото и највредното што го има за тоа незаборавно случување кое ќе го прослави сиот крај. Утредента на патот према селото, жителите здогледале сиромав и куц човек со долга брана во искинати алишта и стари чевли.

„Тој е!“ Викнал свештеникот. Го познавам неговиот стил. Знаев дека ќе се преоблече како сиромашен. „Тој е, тој е!“ викале и останатите. Се собрале околу сиромашниот нудејќи му ги своите драгоцености величајќи ја убавината на нивните дарови. Сиромавиот сите свои подароци кои ги добивал почнал да ги собира на запрежна кола која била подарок од градоначалникот. Сиромавиот на крајот им се заблагодарил на сите, ги благословил и заминал со запрежната кола. На жителите конечно им олеснало. Се поминало во најдобар ред а свештеникот исто така ги пофалил.

Меѓутоа, вечерта, Исус конечно пристигнал.

„Простете поради доцнењето“, рекол „Ме задржаа некои важни работи..“
„Дали ти навистина си Исус?“ прашал свештеникот збунето. „Но, тогаш.. Оној човек..“
„Тој беше измамник! Ги украде нашите драгоцености!“ луто викале жителите.
„Тргнете по него, да го најдеме!“

Сите тргнале во потрага по измамникот за да ги вратат своите драгоцености кои ги однел. А Исус, како и обично, останал сосема сам во напуштеното место.

Прегледи:
358
Објавено на:
06.05.2020