Категории

Вреди да се погледне: Новата серија „Чернобил“ со подобри оценки и од „Игра на престоли“

Новата серија на ХБО, „Чернобил“ која е оценета со 9,6 од 10 ги воодушеви критичарите и публиката. Оваа серија веќе ја прогласуваат за една од најдобрите за оваа година и веќе има подобри оценки и од популарната „Игра на престоли“.

Приказната е базирана на вистинскиот историски настан, големата катастрофа во нуклеарната централа во Чернобил, поранешна Советска Украина, ноќта на 25 кон 26 април 1986 година, опишувајќи ги последиците, но и заташкувањата што се случиле потоа.

Чернобилската катастрофа е една од најголемите за кои е заслужен човекот. Погодени беа повеќе од 3,5 милиони луѓе, а 50.000 квадратни километри земја биле контаминирани.

Фактот што приказната е вистинита, се чини, е одговорен за високата гледаност и пофалбите. Серијата е веќе достапна и кај нас и вреди да ја погледнете!