Време е да ги внесете билките во домот и да ги заштитите од студот

Со намалувањето на температурата под 10 степени, време е да ги заштитите билките и да ги внесете во вашиот дом. Внесувањето на билките во домот во текот на есента е процес кој мора да го правите чекор по чекор.

Многу луѓе грешат и ги оставаат билките предолго надвор, што негативно влијае на билките на кои не им одговара студеното време.

Пред да ги внесете внатре, задолжително прегледајте ги

Несакани инсекти, како што се мушички или црвени пајаци може да се размножат внатре и да прејдат и на друга билка, а за го спречите тоа потребно е да ги измиете билките и да ги испрскате за секој случај со некој природен инсектицид.

Ставете ги што поблиску до прозор

Пред да ги ставите до прозорот, уверете се дека таму нема промаја, како и дека ќе ги поставите на барем неколку центиметри оддалечени од нив за да не бидат близу до студениот воздух. Исто така избегнувајте да ги оставате преблиску до изворот на топлина бидејќи листовите можат да добијат кафеава боја и да отпаднат.

Внимавајте на влага

Воздухот во домот се суши кога почнува грејната сезона. Затоа, на многу билки им недостига влажност која ќе го спречи сушењето на листовите и менувањето на нивната боја.

Редовно проверувајте ги

Останува само да ги проверувате и да се грижите за нивните потреби ако сакате на пролет повторно да изгледаат убаво и бујно. Водете сметка редовно да ги поливате, чистите и на количината на светлина.




Коментари

коментари