Категории

ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ЛОЗАНО ВО СКОПЈЕ!

Авалон Продукција со големо задоволство го најавуваат својот следен проект.

„После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје. Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот“, велат од Авалон.

Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда наутро (13-ти февруари) во 09 часот преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следните цени и категории:

ПАРТЕР- 500 денари

ФАН ПИТ- 800 денари

ТРИБИНИ- 700 денари

SILVER SEATS- 800 денари

GOLDEN SEATS- 900 денари

ВИП- 1.000 денари

„Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП арената за концертот на Лозано ќе биде полна до последно место.