Време е за маникир: Ова се најпопуларните трендови за оваа сезона

Маникирот е една од главните карактеристики кога станува збор за стилот на секоја жена. Токму како и шминката, дизајнот на ноктите има најразлични стилови и трендови секоја сезона. Секоја есен, како се менуваат модните стилови, така се менува и трендот во стиловите на маникир.

Меѓутоа, кога станува збор за сезоната есен/зима 2018 година, најмногу доминираат силните бои во повеќе нијанси. Доказ за тоа е понудата во првиот „anti aging“ центар во Македонија, Promoitalia, каде што покрај многубројните докажани козметички третмани и услуги, маникирот и разубавувањето на рацете на жената се од особено значење. Следејќи ги светските модни трендови, тие нудат палета на бои во која ќе се пронајде секоја дама избирајќи ја онаа боја која најмногу и се допаѓа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promoitalia Anti Aging Center (@antiagingmk) on


Доколку сте од оние жени кои водат сметка за изгледот на своите нокти, одберете ја омилената нијанса и препуштете ги своите раце на вистинските професионалци од Anti Aging Center by Promoitalia.

1. Сите нијанси на розовата боја

Розовата боја е безвременска кога станува збор за маникирот. Таа ја има во толку многу нијанси што не може да не се вљубите во барем една од нив. Освен тоа, таа е одлично освежување во оваа сезона кога практикуваме темни зимски тонови на облека.

2. Неколку нијанси на црвената боја

Кога мислиме на класика, мислиме на црвен кармин, црвен капут, црвени салонки. Истото правило важи и за црвениот маникир. Црвените нијанси се сигурен избор со кој никако не можете да погрешите. Изберете некоја од овие нијанси доколку преферирате класичен изглед.

3. Темни нијанси со светки

Светкавите нокти даваат еден особено шик изглед поради тоа што целосниот стајлинг на жената добива друга димензија. Тие се одличен моден додаток кој се вклопува во сите стилови, а ова особено важи за маникирот со темни бои надополнети со светки кој е исклучиво популарен оваа сезона.

4. Темни есенски и зимски тонови

Темните тонови се особено во тренд оваа сезона поради својата суптилност и фактот дека одговараат буквално со сѐ. Откако помина летото, а со него и сите силни нијанси на боите, време е за интересните нијанси во темни бои да ги красат вашите нокти.

Секоја од овие бои и нијанси има своја убавина и прилега на сите негувани и софистицирани жени. Затоа, не губете време и погрижете се вашите раце да заблескаат со омилениот маникир од Anti Aging Center by Promoitalia.




Коментари

коментари