Категории

Ways2help ги освои хуманитарците преку опцијата #ПлатиСметка

Платени се 68 сметки за струја, помогнато е на 22 социјално загрозени семејства преку опцијата #ПлатиСметка на заедницата Ways2help.

Тимот на Ways2help заедно со нивната заедница за позитивни промени им овозможија на сите хуманитарци лесен и едноствен начин како можат да им помогнат на социјално загрозените семејства кои се соочуваат со бројни неплатени сметки за струја. Нивната акција започна во текот на претходниот месец, а изминатите денови повторно објавија нови сметки за струја на  3 семејства на кои им беше потребна помош. Неизмерната поддршка секогаш ги изненадува па така во рок од само 3 часа беа исплатени новите 13 сметки за струја. Еве што имаат да кажат хуманитарците за #ПлатиСметка:

Повеќе за тоа како може да помогнете и да платите сметка на некое семејство може да прочитате на нивниот блог пост: Продолжуваме да осветлуваме домови! Плати сметка за социјално загрозенo сeмејствo, каде што се објаснати чекорите кои треба да ги направите.

Како заедница која цели кон поврзување на сите начини на кои може да помогнеме Ways2help исто така за вас ги издвои на едно место сите настани во кои може да се вклучите за време на месецот на хуманоста, кликнете тука за да прчитате повеќе.