Категории

Тhe Weekend нема повеќе да соработува со шведскиот гигант H&M

На официјалната онлајн страница на H&M се појави фотографија на која е прикажано дете со темна боја на кожата. Детето е облечено во блузон на кој пишува „Coolest Monkey in the Jungle”.

Овој непромислен чекор во маркетинг стратегијата предизвика негативни реакции и во медиумите и на социјалните мрежи, меѓу кои беше и реакцијата на музичка ѕвезда The Weeknd, кој има соработувано со H&M за кампањи за две колекции.

По ова, тие ќе бидат и последни. Тој на социјалните мрежи објави дека лично се чувствува длабоко навреден и дека повеќе нема да соработува со нив.