Категории

#YesForLess – Запознајте ги Сара и Кате: Еко ентузијасти кои се залагаат за позележн живот во Македонија

Неодамна на социјалната мрежа Instagram се појави профилот YesForLess на двете девојки Сара и Кате кои промовираат поздрава животна средина во Македонија. Нивната цел е да покажат како сите во секојдневието се бориме против конзумеризмот и прекумерното создавање на отпад и пластика. Тие исто така споделуваат и доста корисни совети како да живееме поеколошки без да оставаме негативни ефекти кон планетата.

Ние сме Сара и Кате, најдобри другарки и еко ентузијасти. Во последниве 3 години почнавме да усвојуваме одредени навики и да користиме многу производи кои не и штетат на животната средина. На почетокот ни изгледаше дека е многу тешко да се живее позелен живот во Македонија поради недоволниот број на контејнери за рециклирање, недостапноста на многу еко производи и сл., но со текот на времето сфативме дека каде и да сте, единствената предиспозиција за да почнете е желбата да направите позитивна промена. Нашата цел е да ви покажеме како ние во секојдневието се бориме против конзумеризмот и прекумерното создавање на отпад и пластика, one step at a time. Ќе бидете изненадени како многу од овие навики не само што ги намалуваат негативните ефекти кон планетата, туку и често го поедноставуваат вашиот живот. Дали сте спремни да ни се придружите на нашето еко патување? Следете не’ за да откриете повеќе!

 

 

 

Сите сме виделе морков што личи како да има три нозе или свиткана краставица. Голем дел од отпадот кој го генерираат маркетите се токму плодовите кои не изгледаат убаво на око и кои мнозинството од купувачите не би ги купиле само поради нивниот изглед. Годинава ќе сме посвесни за време на пазарењето и нема да ги одбегнуваме несовршените плодови.

Колку пати сте фрлиле парче облека само поради појава на едно мало дупче? Да, и ние сме го направиле тоа, но во 2021 би сакале да “спасиме” што повеќе парчиња облека од депонија со тоа што ќе ги поправиме самите ние или однесеме на шнајдер.

Ќе се потрудиме да купуваме локални производи кои ја поттикнуваат локалната економија и истовремено спречуваат испуштање на CO2 емисии поради тоа што не треба да се транспортираат на големи далечини.

Кога нешто веќе не ни треба, првата и најлесна идеја која ни доаѓа на памет е да го фрлиме. Ова е многу погрешно бидејќи најчесто ги забораваме целокупните ресурси кои се потрошиле за производството на еден продукт. За една маица не е потребен само памук, туку и многу вода и енергија за да се преработи тој памук. Затоа пред фрлање ќе се потрудиме да му најдеме втор живот на секој еден производи и да го размениме со друг, или пак подариме на некој што му треба.

Тушот е магично место каде често размислуваме и го планираме нашето време, но исто така еден од најголемите потрошувачи на вода во домот. Модерните тушеви трошат 5-10L/минута, па затоа со туширање и само 1 минута пократко ќе заштедиме стотици литри вода годишно.