За Бадник подгответе чоколадна торта без јајца и млеко: Готова е за 15 минути! (РЕЦЕПТ)

Чоколадна торта никогаш не е лош избор, а особено се популарни рецептите за слатки десерти кои не бараат многу време и труд. За оваа торта дури и нема да потрошите многу пари, бидејќи во неа нема ниту јајца, ниту млеко, па дури ни маргарин или путер!

Состојки:

  • 1,5 шолја брашно
  • лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол
  • 3 лажички какао
  • шолја шеќер
  • лажичка оцет
  • лажичка екстракт од ванила
  • 5 лажичка масло
  • 1 шолја вода
  • 200 г какао табла

Подготовка:

Во плех за печење помешајте ги сите суви состојки. Додадете оцет, масло, шеќер и екстракт од ванила, па сѐ добро соедините. Печете во рерна загреана на 180 степени околу 35 минути. За тоа време на пареа стопете го какаото со малку масло и со него прелијте ја испечената торта. По желба украсете со шлаг или омиленото освежувачко овошје.




Коментари

коментари