Категории

За херојските срца кои се секогаш тука за да им помагаат на другите

Потсети се себеси дека не мораш секогаш да изгледаш силно. Потсети се дека можеш да бидеш човек и да побараш помош кога ти е потребна, и не секогаш мораш да се спасуваш самиот себеси.

Кога си личноста која е секогаш тука за другите – чувствуваш многу нешта.
Постојат длабочини во тебе и понекогаш се вљубуваш во луѓе кои се плашат да пливаат.
Даваш и даваш и даваш. Никогаш не знаеш како да се запреш себеси и колку всушност да дадеш од себеси.
И тогаш се појавуваат мигови кога се прашуваш себеси дали ќе се појави некој кој ќе сака да даде онолку колку што даваш ти.. Се прашуваш дали некогаш ќе дојде миг кога некој ќе те праша тебе како се чувствуваш, дали си повреден и дали ти е потребна помош.

Да, и на оној кој е секогаш тука за другите му е потребен некој кој ќе биде тука за него. Понекогаш оние најсреќни насмевки кријат најголема болка. Понекогаш онаа личност која ги охрабрува дургите исто така треба да биде охрабрена, и треба некој да ја држи без оглед на тоа колку цврсто изгледа однадвор.

Ако си личност која е секогаш тука за другите, знај дека твоето срце е вистинска скапоценост. Ти имаш моќ да ги смируваш бурите во луѓето. Имаш сила да им даваш надеж, да ги инспирираш и да ги направиш да се чувствуваат сакано и вредно, да ги натераш да поверуваат дека имаат цел во животот.

Но исто така треба да знаеш дека не си невидлив и не живееш само за да ги усреќиш другите.
На твојата душа и е потребен одмор, тебе ти е потребен одмор. Потсети се себеси дека не мораш да ја носиш тежината на светот секогаш и не можеш да ги спасиш сите.
Заслужуваш сето она кое го вложуваш во другите да го вложиш и во себеси.
Потсети се себеси дека не мораш секогаш да изгледаш силно. Потсети се дека можеш да бидеш човек и да побараш помош кога ти е потребна, и не секогаш мораш да се спасуваш самиот себеси.

Прегледи:
440
Објавено на:
28.07.2020