За крај на 2018: Gibonni во Скопје како хедлајнер на „All you need is love“ Festival!

Најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI ќе биде хедлајнер на овогодинешното издание на фестивалот All you need is love, во недела на 23-ти декември!

За уште поголема предновогодишна забава, Авалон Продукција се одлучија пред настапот на хедлајнерот на фестивалот All You Need Is Love, GIBONNI, со свој целовечерен настап да се претстави и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио. Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Gibonni.

Имено, кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол, честа да го отвори фестивалот ALL YOU NEED IS LOVE, ќе ја има скопскиот фуриозен бенд FUNK SHUI.

Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон и Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн преку Avalon.mk.




Коментари

коментари