За љубовта, луѓето и пријателството: 20 животни лекции кои ги научивме од Малиот принц

„Малиот принц“ е дело кое Антоан де Сент Егзипери го напишал во 1943 година, во моментите кога го мачеле лични демони и лошо здравје, но надежта и емоциите кои ги доловил во приказната за малиот принц кој од далечната планета доаѓа на Земјата, ја отсликале неговата визија за љубовта, пријателството, заедницата, романтиката, фантазијата.

„Малиот принц“ е најпреведувана книга на планетата, преведена е на повеќе од 250 јазици и дијалекти, годишно се продаваат околу два милиони примероци и прогласена за најдобра книга на 20. век во Франција.

За децата и возрасните

„Сите возрасни некогаш биле деца… Но, само неколкумина од нив се сеќаваат на тоа.“

„Возрасните сакаат бројки… Кога ќе им кажеш дека си стекнал нов пријател, никогаш не прашуваат ништо важно. Не прашуваат – како му звучи гласот, кои игри ги сака… Наместо тоа, прашуваат – колку години има, колку е тежок, колку заработува неговиот татко? И само преку тие бројки, мислат дека дознале нешто за него.“

„Живеев помеѓу возрасните. Ги видов лично, одблиску. И тоа не го подобри многу моето мислење за нив.“

„Луѓето спијат во возовите или зеваат. Само децата го притискаат носот на стаклото од прозорецот, само децата знаат во што гледаат.“

„Детството е една друга земја, но и чекална, место за прифаќање и сместување.“

За луѓето и Земјата

„Луѓето заземаат сосема мало место на Земјата.“

„Многу луѓе потешко си судат себеси, отколку на другите. Ако успееш да си судиш себеси, навистина си човек со голема мудрост.“

„Ако оди само право, никој не може да стигне многу далеку.“

„За патниците, ѕвездите се водилки. За сите останати, тие се само малечки светла.“

За пријателството

„Луѓето купуваат работи кои ги чекаат готови во продавница. Но, никаде не постои продавница во која можеш да купиш пријателство.“

„Ќе живеам на една од ѕвездите. Ќе се смеам на неа. И така, ќе изгледа како сите ѕвезди на небото да се смеат, кога ќе погледнеш кон него. И само ти ќе имаш ѕвезди кои се смеат.“

За љубовта

„Времето кое си го изгубил поради таа ружа, токму тоа ја прави важна.“

„Само кога гледаш преку срцето, гледаш вистински. Она најважното не може да се види преку око.“

„Кога нешто ќе скротиш, стануваш заскеогаш одговорен за тоа.“

За односите

„Тајно е тоа место, земјата на солзите.“

„Зборовите се извор на недоразбрањата.“

„Морам да го издржам присуството на неколку гасеници, ако сакам да ги запознаам пеперутките.“

„Она што ја прави пустината прекрасна, е фактот дека таа некаде во себе крие извор.“

„Убава си, но празна. Никој не би посакал да умре поради тебе.“

„Безброј камења престануваат да бидат безброј камења во моментот кога еден човек ќе погледне во нив, а во себе гледа слика од катедрала.“




Коментари

коментари