Чек дис аут
Search

За мека и блескава кожа: Како да припремите релаксирачка купка?

Почувствувајте се како да сте во спа центар и тоа во својот дом со помош на состојките од вашата кујна

После напорниот работен ден, се што посакуваме е да легнеме во када со топла вода и да се препуштиме на уживањето. Топлата вода и релаксирачката купка се проверен рецепт кој во истиот миг го уништува стресот и напнатоста, а овој welness третман можете да го сфатите и како одлична првилегија и за изгледот на вашата кожа и коса.

Купките од морска сол се одлични за зајакнување на метаболизмот и циркулацијата во телото, но се докажани и во тоа како одлични за регенерација на осетливата и проблематична кожа. Тука е прочуениот рецепт за убава кожа на Клеопатра – капење во млеко. Млекото како такво содржи маснотии кои кожата ги обожава, а одличен избор на маснотии е и сурутката.

Одличен домашен рецепт кој можете да го направите и кој подеднакво добро влијае и на кожата и на косата е така што ќе исцедите 4 лимони, ќе капнете неколку капки маслиново масло и 1л сурутка. Се заедно измешајте и додадете го во купката. За овој третман е важно водата да е топла колку и температурата на телото, значи помеѓу 35 и 37 степени целзиусови. Во купката не смеете да седите подолго од 15 минути, а после тоа кожата исушете ја со пешкир и намачкајте го омилениот лосион за тело. Кожата ќе ви биде многу по мека и поцврста, а косата полесна за стилизирање.




Коментари

[fbcomments]