За мирен и квалитетен сон: Овие намирници ја победуваат несоницата

Стресниот начин на живот може да доведе до проблеми на нервниот систем и испрекинат сон, но решението за овој проблем постои!

Веројатно ви се случило да и покрај сите напорни, не можете да заспиете. Во тие моменти наместо да посегнете по лекови, многу подобро решение е да побарате помош во некои од овие намирници.

Бразилски орев
Бразилскиот орев содржи селен и калиум кои позитивно делуваат на квалитетот на спиењето. До овој резултат дошле научниците после студиите кои ги спровеле во 2014г. Еден грст бразилкси ореви е доволен да потонете во мирен и длабок сон.

Риба
Рибата содржи многу омега 3 масни киселини кои ќе ве уморат па побрзо ќе заспиете. Омега 3 масните киселини го подтикнуваат телото да произведува хормон мелатонин кој го регулира биоритамот.

Киви
Истражувањето покажало дека кивите можат значајно да помогнат во проблемите со несоницата. Учесниците кои еден час пред легнување јаделе киви, заспале пет минути порано и спиеле полни 40 минути подолго од другата група која ова не го практикувала.

Ореви
Лекарите советуваат дека сите луѓе кои патат од несоница, пред легнување треба да изедат една рака ореви, затоа што тие содржат мелатонин кој смирува и успива.

Вишни
Вишните исто така, се природен извор на мелатонин. Истражувањата покажале дека вишните содржат 13,5нг мелатонин а по грами тоа е вистинска „успивна бомба“.




Коментари

[fbcomments]