За него

Изгледа преубаво, мислам најубаво. Да го имаш него е навистина голем предизвик но и големо задоволство. Го знам 1 година а имам чувство како да сум го знаела 500 години. Не знам зошто тоа е така, се обидувам да разберам но тешко ми оди. Но како и да е, направив една анализа за она прашање:

Што придонесе тој во мојот живот или на што ме научи?!

Тоа е најадекватно прашање за она да објаснам што сѐ сум научила за 1 година.
За таа година научив, што треба да ми биде приоритет, што треба да направам кога сум максимално изнервирана, како да се справам со предизвиците што ни беа приредени во рок од една година, како да направам добар тост и како да го зготвам најубаво свинското месо со лукче, кромид и морков.

Тој е magister universalis, за што и да било и да е и да биде го има вистинскиот одговор. Задоволна сум што го знам, што го имам и што го сакам со целото мое битие.

Ниту еднаш не сум била во ситуација, односно во двобој со мислите дали тој е оној вистинскиот, можеби го имав оној двобој од типот на: “Should I love him more today or to leave something for tomorrow, will I have enough love for him?”.

Имам, како да немам, имам и секогаш ќе имам, сѐ додека љубовта осцилира помеѓу нас.

Ако направам компарација од мојот карактер сега и мојот карактер пред 1 година, до пред тој да ми зачекори во животот.

Не можам да се препознаам самата себе, се променив драстично, што мислам дека придонесе да созреам побрзо. Ми викаше дека во мене се гледал тој и дека секогаш ќе ги разберел моите постапки, така и беше и така е и сега.

Сега ја искусувам љубовта, вистински, онака како што треба, постојано е во моја близина, кога и да посакам можам да го гушнам и да ја почувствувам неговата топлина… Живеам како никогаш досега…

Белешките на : Катерина


тагови


Коментари

[fbcomments]