За нив не постои „НЕ“: Ова се трите најголеми заводници во хороскопот!

Овие три хороскопски знаци се издвојуваат од другите мажи бидејќи се вистински шармери.

Бик

Жените ретко кога можат да одолеат на неговите заводнички способности. Иако е речиси несвесен за својата сензуалност, Бикот спаѓа во групата на врвни заводници. Клучниот адут му е спонтаноста, а во креветот ги познава сите умешности на Кама сутра, иако никогаш не ја прочитал. Овој знак умее да приреди огномет од емоции и внимание. Тој ќе ве направи да се чувствувате многу посебно. Биковите имаат природна топлина во очите и понекогаш несвесно ги привлекуват дури и оние околу кои не се трудат.

Близнаци

Неговата насмевка ќе разоружа секого, и секогаш ќе се труди луѓето околу него да се чувствуваат убаво. Тие се кралеви на шармот, ретко кој може да им одолее. Тие уживаат во играта на заведување, сакаат добра комуникација и секогаш имаат некоја интересна приказна со која го освојуваат спротивниот пол.

Шкорпија

Со Шкорпиите владее фаталната планета Плутон. Овој маж тешко е да не го забележите. Неговиот заводнички поглед и манири со кои како да ве повикува на блуд, не може да ве остави рамнодушни. Ова е знак кој длабоко чувствува и неговата интуиција е изразена до таа мера што во секој момент знае кои се вашите потреби, а со обзир на тоа дека во емотивна смисла е многу посветен ќе ужива да ве задоволи до максимални граници. Неговата умешност во водењето љубов останува запамтена.




Коментари

коментари