Категории

За оние кои бараат работа во странство: Во овие земји најлсено може да се најде

Според извештајот на OECD (Организација за економска соработка и развој), земајќи ги в предвид активната работна сила, бројот на жителите и бројот на работни места, овие земји нудат најдобри шанси за луѓето кои бараат работа.

Исланд

Оваа земја има ист сооднос на вработени мажи и жени, но и најголем број на ново отворени работни места. Покрај тоа, во Исланд, повеќето луѓе работат две или повеќе работни места истовремено, со скратено работно време.

Шведска

Втората земја по ред на листата е Шведска каде стапката на невработеност изнесува околу 7,4 проценти. Причина за малку поголемата стапка на невработеност лежи во големата помош за невработените.

Норвешка

Оваа земја е оценета како една од најперспективните во потрагата по работа и за жените и за мажите. Факултетските дипломи се сметаат за голема предност при вработување. Стапката на невработеност изнесува 4,39%.

Естонија

Поранешната комунистичка земја денес покажува развојни трендови и станува лидер на Источна Европа. Стапката на невработеност изнесува околу 6,2 проценти.

Останатите пет земји се следниве:

Русија, каде стапката на невработеност изнесува околу 6,2 проценти.

Нов Зеланд, каде стапката на невработеност изнесува околу 5,25 проценти

Швајцарија, каде стапката на невработеност изнесува околу 4,46 проценти.

Финска, каде стапката на невработеност изнезува околу 9,5 проценти.

Канада, каде стапката на невработеност изнесува околу 6,9 проценти.

Прегледи:
228
Објавено на:
03.11.2017