Категории

За ова Корги не важат правилата за социјална дистанца – тоа ги гушка сите!

На прв поглед, едногодишниот Wallace изгледа како типично (и екстремно слатко) корги кученце.

Тоа, само по себе, е прекрасно, но, ако го однесете на прошетка, ќе сфатите нешто уште поинтересно во врска со ова мило момче. Wallace, всушност, ОБОЖАВА да се гушка. Секогаш кога оди да се шета, не може да се воздржи и да не ги гушне сите пријателчиња на својот пат.

Интересно е што ова корги не покажува доминанција при гушкањето – буквално само  покажува љубов и внимание. Прво ги душка, а потоа, ако почувствува дека се во ред, ги гушка! (Римата е сосем ненамерна :) )

Еве како изгледа овој слаткиш:

А, еве го во акција:

 

Секако, гушкање има и за човечките пријатели

 

 

Прегледи:
91
Категории:
Животни
Објавено на:
22.10.2020