Категории

За овие 3 хороскопски знаци гордоста е поважна од извинувањето

Некои луѓе едноставно не можат да го изустат зборот – извини. Без разлика дали мислат дека се во право, или не сакаат да и го дадат тоа задоволство на другата страна, избегнуваат извинување по секоја цена или ќе се извинат со груб тон и израз на лицето кое дава отпор.

Овен

Овенот најмногу би сакал воопшто да не се извини. Доколку личноста која ја навредил му е многу важна, ќе се извини така што на сите ќе им биде јасно колку не сака да го прави тоа. Или нешто нечујно ќе проговори или ќе се обрати со повишен тон.

Лав

Лавот се прави во театрален стил, па ќе се извини како да е главен актер во претставата. Со високо дигната глава, ќе настојува со ниеден гест да не покаже статус на губитник.

Скорпија

Доколку навредила некого, Скорпијата е уверена дека тоа е по заслуга. Ако сфати дека другата страна навистина не е крива, ќе се извини коректно, но не и понизно. Но, ако ја смета навредената личност за крива во ситуацијата, ќе и упати иронично извинување или дополнително ќе ја навреди.