За (поранешните) пушачи: 5 намирници кои го тераат никотинот од телото

Сите сме свесни за негативните ефекти на цигарите и никотинот врз нашиот организам. Ако сте престанале да пушите или сте страстен пушач, овие намирници најмногу ќе ви помогнат да го исчистите телото од никотинот.

1. Спанаќ
Фолната киселина е многу важна за нормалниот развој на телото, но исто така му помага на телото да се реши од никотинот. Спанаќот содржи големи количини на фолна киселина.

2. Брокула, карфиол и зелка
Покрај тоа што содржат полифеноли, кои се корисни за намалување на воспаленија на дигестивниот систем, исто така содржат антиоксиданти, кои го чистат телото од бројни токсини.


3. Зелен чај и витамини
Со пушењето цигари се губат течностите од телото, поради што се чести дехидрации на организмот. Со зелен чај, исполнет со антиоксиданти, се отстранува никотинот од телото.

4. Морков
Никотинот ја уништува кожата и ја прави сува и безживотна. Морковот содржи големи количини на витамини А, К, Ц и Б кои се главни чистачи на телото.

5. Киви, лимон и портокал
Освен водата, пушењето од телото ги исфрла витамините А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. Да се надоместат загубените витамини јадете киви или испијте чаша лимонада.




Коментари

коментари