Категории

За што служи и како се добива: Фејсбук доделува оценка за сигурност на страниците

Фејсбук откри дека ја оценува сигурноста на корисниците за да се бори со ширењето лажни вести.

Иако звучи како нешто од Зона на самракот, социјалната мрежа ова го прави како подобро би успеала да одлучи дали некоја приказна е сигурна или не, кога некој од корисниците ќе ја пријави.

Еве што морате да знаете за оценување на сигурноста.

Фејсбук главно се потпира на пријави на корисниците како би оценил дали некоја приказна е вистинита  или измислена, а оценката за сигурност на корисниците за тоа може дополнително да помогне.

Сепак социјалната мрежа не открила што се одредува која оценка ќе ја добие некој, но голема улога игра точноста на одбележувањето на одредени вести како лажни.

Како Фејсбук ја одредува оваа оценка?

Ако некој пријави приказна како лажна, а луѓето од Фесјбук утврдат дека тоа е вистина,оценката полека расте.

Во случај да се утврди дека корисникот не е во право, оценката паѓа.

Дали можете да ја видите својата оценка?

Во прашање е скала која исклучиво можат да ја видат вработените во Фејсбук. Многу ниска оценка значи дека вработните многу помалку внимание ќе обрнат на вестите кои тој корисник ги пријавува.

Со други зборови не можете да ја видите својата оценка.

Прегледи:
344
Објавено на:
24.08.2018