Категории

За што служи точката на копчето со бројот 5 на далечинскиот управувач

Ако погледнете на нумеричката тастатура на вашиот лаптоп или на далечинскиот управувач за телевизорот, ќе забележите дека на копчето со бројот 5 има мала испакнатина во форма на точка, две точки или цртички.

Оваа ознака има за цел да им помогне на лицата со хедикеп и оштетен вид полсено да ракуваат со далечинскиот управувач или нумеричките тастатури на лаптопите и мобилните телефони.

Точката на бројот 5 на лицата со оштетен вид им служи како тактилен ориентир, со чија помош можат да одредат каде се наоѓаат другите копчиња на далечинскиот управувач.

Ознаката на копчето со бројот 5 може да им помогне и на лицата со нормален вид, да го користат далечинскиот управувач или тастатурата, без да погледнат во нив или кога гледаат телевизија во темница.

Прегледи:
299
Објавено на:
24.12.2016